Вести СВЕТ

Кои се новите симптоми на коронавирусот кај пациентите со тешка клиничка форма на болеста?

Речиси половина од заболените од коронавирус со тешка клиничка слика, индицираат дека тие имаат нови симптоми и чувствуваат нешто како зуење во телото.

Искуства со овој нов, непознат симптом, се повеќе се споделуваат на социјалните мрежи и се опишуваат како зуење, движење или нешто слично – така да „фузионирањето“ стана уште еден симптом на коронавирусот, пренесува Танјуг од „Њујорк пост“.

Лекарите за тој дневен весник велат дека станува збор за посебна сензација – чувство кое пациентите го имаат како нивните тела се борат со вирусот.

Една пациентка го опишал новиот симптом како нешто што тече по нејзината кожа, додека друга рекла дека нејзиниот партнер имал чувство како неговата кожа гори, па затоа морале да го тријат со лосион за после сончање.

„Ние исто така користевме и крема против опекотини“, додаде таа.

Другите симптоми на многу смртоносната болест вклучувааат и треска, болка, останување без здив, замор, сува кашлица, дијареја, мозочен удар, а од друга страна, кај некои не предизвикуваат ниту најмали симптоми.

Евидентирани се и невролошки симптоми, како што се вртоглавица и главоболка, атаксија, што е опишана како недостаток на координација на движење, како што се одење или кревање на предмети. Атаксијата може да влијае на говорот, движењата на очите и можноста за голтање.

Поврзани вести

Полицајци до смрт претепале човек поради социјалната дистанца

Ќе може да се патува во Грција за летните одмори: Се воведуваат посебни мерки

Никола Поповски

Безбедносна камера забележила пад на авион на улиците на Феникс (ВИДЕО)

Бројот на починати од коронавирусот во Турција се искачи на 59

Научници смислија нов инхалатор против коронавирус

12 светски лидери доаѓаат на парадата во Москва

Stefanija Kuzmanovska