Вести СВЕТ

Кој е Џо Бајден: Живот исполнет со трагедии, близок е со Барак Обама…

Џо Бајден е присутен во американскиот политички живот веќе половина век и, потенцирајќи го своето искуство во политиката, се обидува да се докаже како цврста и стабилна рака во време полно со неизвесност.

По избувнувањето на кризата со коронавирусот во САД, тој барал начини да ги убеди гласачите дека тој е идеален врховен командант чии препораки ќе бидат засновани на совети на здравствени и економски експерти. Овие препораки вклучуваат широка достапност на бесплатните тестови за коронавирус. Тој исто така соопштил дека вакцинацијата против коронавирус треба да биде бесплатна.

Бајден остро го критикувал одговорот на Трамп на вирусот и го обвинил дека реагира премногу бавно.

Тој служел како потпретседател на САД додека администрацијата на Барак Обама се обидувала да го протурка т.н. закон „Обамакер“, па така здравствената заштита останала и понатаму неговиот најважен фокус, пишува „Њујорк Тајмс“.

Семејни трагедии

Во бројнитр настапи, тој истакна дека прашањето за здравствена заштита го сфаќа многу лично, во контекст на трагедиите што му се случиле поврзани со неговото семејство. Тој ја загуби својата прва сопруга и новородената ќерка во сообраќајна несреќа, а неговиот син Бо Бајден почина од рак на мозокот.

Служел во Сенатот со децении, цврсто верувајќи во двопартизам и подавајќи им рака на републиканците, дури и во моменти кога неговите сопартијци не гледале партнери за соработка од другата страна.

Пријателството со Обама

Бајден страсно зборува за афирмирање и одбрана на американската улога на лидер на глобалната сцена.

Барак Обама играл голема улога во неговата кампања, со кого формирале блиски односи за време на нивното заедничко владеење. Тој често го споменува своето пријателство со Обама, како и неговата соработка за здравствена заштита и проектите за надворешна политика.

„Ако му дозволиме на Доналд Трамп осум години во Белата куќа, тој засекогаш и суштински ќе го промени карактерот на оваа нација и она што сме, и јас не можам само да стојам настрана и да гледам како се случува“, изјавил Бајден во една прилика.

Малку познати факти за претседателскиот кандидат од редовите на демократите

– Роден е на 20 ноември 1942 година (77 година), Скрантон, Пенсилванија

– Семејство: Сопругата Џил Џејкобс Бајден (1977 година – денес),  од 1966 до 1972 година бил во врак со Нил Хантер Бајден, која починала во сообраќајна несреќа

– Деца: Ешли (со Џил Бајден), Наоми Кристина, Роберт Хантер, Џозеф Робин „Бо“ III (со Нил Бајден)

– Избран е шест пати како сенатор од државата Делавер, а првпат во 1972 година.

– Служел како 47. Потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама

– Демократскиот кандидат верува дека може да се потпре на наследството на Барак Обама и да ја обедини земјата во тешки времиња

– Ако победи, на 78-годишна возраст ќе станеше најстариот претседател во историјата на САД

– Како момче, имал проблеми со пелтечење.

Поврзани вести

Авион дошол за Навални, но не го пуштиле надвор од болницата

Stefanija Kuzmanovska

Стејт департмент: Северна Кореја да остане посветена на нуклеарните разговори

user4

Повеќе од 100.000 луѓе починале во Јужна Америка и Карибите откако биле заразени со новиот коронавирус

Гутереш: Тешко е да се има смислена трансформација на механизмите за глобално управување без активно учество на светските сили

Германски медиуми: Минатото дојде по Тачи, тој отсекогаш бил „американски човек“

Полицијата на Лукашенко сурово се пресмета со демонстрантите

Stefanija Kuzmanovska