Регион СВЕТ

Кој ги презема ресорите: Објавени имињата на новите министри во српската влада

Нови луѓе доаѓаат во владата на Ана Брнабиќ: Боровчанин е во игра за ресорот спорт, Маја Гојковиќ ќе биде министерка за култура, Вулин министер за полиција, а Маја Поповиќ е веќе видена во Министерството за правда, соопштуваат српските медиуми.

Списокот со имињата на идните министри е сè уште отворен, но сигурно е дека покрај ставањето министри во одредени ресори, во владата ќе има места за нови луѓе.

Лидерот на СНС и претседател на Србија Александар Вучиќ открил дека Небојша Стефановиќ ќе биде во системот за безбедност, а се претпоставува дека тоа ќе биде ресорот одбрана. Според српските медиуми, Александар Вулин и Небојша Стефановиќ најверојатно ќе ги ротираат досегашните ресори, така што лидерот на Социјалистичкото движење ќе ја преземе полицијата, а потпретседателот на „прогресивците“ ќе ја води одбраната.

Според информациите, генералниот секретар на Претседателството на Србија и поранешниот министер за правда, Никола Селаковиќ ќе се врати на „Немањина 11“, како министер за надворешни работи, на местото на Ивица Дачиќ, кој, за изненадување на сите, ќе биде претседател на Собранието.

Најсериозна кандидатка за нов министер за енергетика и рударство е Зорана Михајловиќ, која досега го водела ресорот градежништво и инфраструктура и ова всушност би било нејзино враќање во енергетскиот сектор.

Поврзани вести

Англија: Делумно олеснување на мерките, дозволено вежбање на отворено

Тунберг: Тие што ме напаѓаат, вклучувајќи го и Трамп се уплашени од младите луѓе кои носат промени, кои тие не ги сакаат

Maja_Serafimova

ЕУ мобилизира палет од над 410 милиони евра за Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Д-р Ристиќ: Изгледа дека вирусот мутирал, сега е поопасен и позаразен

На Самоа почна Новата 2020 година

Maja_Serafimova

Додик: Премината е црвената линија, ова е „политичка борба“ со неизвесен рок на траење

Никола Поповски