Вести СВЕТ

Кој повторно ќе биде во карантин: Европските земји ги заоструваат мерките

Европските земји, од Данска на север до Грција на југ, најавија нови ограничувачки мерки за спречување на наглиот пораст на бројот на лица заразени со коронавирусот, додека Велика Британија разгледува нови ограничувања на национално ниво.

Бројот на случаи во Велика Британија е скоро двојно зголемен, на 6.000 на ден од минатата недела, а бројот на приеми во болница е зголемен, како и стапката на инфекција низ делови на северна Англија и Лондон.

Во Шпанија, каде што имало повеќе случаи отколку во која било друга европска земја, регионот што го вклучува главниот град Мадрид ќе го ограничи движењето помеѓу и во рамките на областите кои биле сериозно погодени од новото ширење на вирусот.

Новите мерки ќе влијаат на повеќе од 850 000 луѓе.

Ограничен број на луѓе на јавни места, барови и ресторани со скратено работно време

Регионалната лидерка Изабел Дијаз Ајусо изјави дека пристапот до паркови и јавни места ќе биде ограничен и ќе се забрани собирање на повеќе од шест лица, но дека граѓаните нема да бидат спречени да одат на работа.

Во Франција, властите во Ница забраниле собирање на повеќе од 10 лица на јавни места и го ограничиле работното време на баровите, по новите ограничувања воведени претходно оваа недела во Марсеј и Бордо.

Во таа земја во петокот биле регистрирани скоро 13.200 новоинфицирани лица, што е најголем дневен биланс од избувнувањето на пандемијата.

Во Данска, каде се пријавени 454 нови случаи на коронавирус, близу рекордната бројка од 473 во април, премиерот Мете Фредериксен објави дека ќе бидат забранети собири над 50 лица и нареди рано затворање на барови и ресторани.

Во Исланд, во областа на главниот град Рејкјавик, нареди четиридневно затворање на концертни сали и пабови, од 18 до 21 септември.

Во Даблин, Ирска е забрането да се служи храна во ресторани, како и во затворени простории.

Холандскиот премиер Марк Руте објави дека неговата влада подготвува „регионални мерки“ за спречување на ширењето на Ковид-19 откако во Холандија биле регистрирани рекордни 1.972 случаи.

Во Грција, која не била погодена силно за време на првиот бран на пандемии во март и април, заострени се ограничувањата за да се спречи ширењето на инфекцијата во пошироката област на Атина.

Од понеделник до 4 октомври ќе биде забранет јавниот собир на повеќе од девет лица на отворен простор, додека сите концерти ќе бидат откажани.

Бројот на луѓе на погреби, свадби и крштевки е исто така ограничен на 20, според Ројтерс.

Европа сè уште се надева дека нема да го следи примерот на Израел, кој го воведе вториот круг на ограничувачки мерки на национално ниво на почетокот на сезоната на празници, и по скокот на бројот на новоинфицирани.

Поврзани вести

Шведска првично нема да препорачува вакцинирање на деца

Stefanija Kuzmanovska

Германија го укинува задолжителниот ПЦР за патниците од ризичните подрачја

Stefanija Kuzmanovska

Во Нигерија откриена „фабрика за бебиња“, спасени трудници и бебиња

Maja_Serafimova

Сингапур се соочува со рекорден број случаи на заразени со вирусот денга

Stefanija Kuzmanovska

Трамп го потпиша законот за буџет за привремено финансирање на државата

Stefanija Kuzmanovska

Принцот на Белгија позитивен на Ковид-19: Бил на забава во Шпанија