Вести СВЕТ

Кој стои позади заканувачките мејлови до американските граѓани: „Гласајте за Трамп или ќе дојдеме по вас“

Шефот на разузнавачката служба на САД, Џон Ратклиф и директорот на ФБИ, Кристофер Реј го обвиниле Иран за мешање во изборите во САД со заканувачки електронски пораки испратени до гласачите во САД лажно претставувајќи се како членови на десничарската група „Горди момци“.

„Зад лажните електронски пораки, создадени за заплашување на гласачите, поттикнување социјални немири и штета на американскиот претседател Доналд Трамп, стои Техеран“, соопштил Ратклиф на прес-конференција.

Поддржувачите на демократите од Флорида и Алјаска изјавиле дека добиле заканувачки мејлови во кои пишува дека Гордите момци „ги поседуваат сите нивни податоци“ и бараат да гласаат за американскиот претседател Доналд Трамп „во спротивно тој ќе дојде по нив“.

Директорот на ФБИ изјавил дека се чини дека Иран добил информации за американски гласачи и ги искористил за испраќање електронска пошта, нарекувајќи ги „очајни обиди на очајни противници“.

Реј ги повикал Американците да бараат информации за гласањето од сигурни извори, како што се владини претставници, и изјавил дека ФБИ „координира со приватниот сектор, и со технологијата и со социјалните мрежи, за да се осигура дека странските актери не ги користат своите платформи за ширење дезинформации и пропаганда“.

Претходно „Вашингтон пост“ известувал за наводната иранска кампања, повикувајќи се на неименувани претставници на Националната безбедност.

Поврзани вести

Обвинители влегоа во Државната комисија за игри на среќа во Бугарија , има уапсени

Никола Поповски

Протести низ Европа поради смртта на Џорџ Флојд, уапсени демонстранти (видео)

Лончар: Српските лекари и медицински сестри волонтери ќе добијат постојана работа

Моделот на Шведска: Сите го критикуваа, а сега го копираат и ѝ завидуваат?

Помпео: Не веруваме на кинеските лаборатории

Влатко Зорба

Путин за првпат во јавноста после неколку недели: Не носи маска