Вести СВЕТ

Која маска од материјал од домаќинствата е најдобра за заштита од коронавирусот: Еве што кажува науката (видео)

Научниците од Универзитетот во Илиноис направија истражување за тоа кои домашни материјали се најдобри за правење маски и колку тие штитат од вирусот.

Во своето истражување, тие споредиле маски направени од 10 материјали за домаќинствата, како што се стара облека или крпа и ги споредиле со вообичаените хируршки маски.

Според резултатите, повеќето материјали од домаќинствата помагаат во спречување на инфекцијата, односно ги блокираат капките што ги носат вирусите, дури и кога станува збор за еднослојните маски, додека некои материјали се многу успешни во тоа.

Студијата покажа дека, во лабораториски услови, хируршката маска обезбедува заштита од 96,3 проценти.

Кога станува збор за материјалите од домаќинството, маската направена од маица составена од 60% памук и 40% полиестер била најдобра. Нејзината заштита од капки е 99,98 проценти, но само кога станува збор за трислојна маска. Со два слоја заштитата е 98,6, а со еден само 43,3 проценти.

Следна по успешнпст е кујнската крпа која се состои од 85% полиестер и 15% најлон, што запира 97,9% од капките.

Свилата маица штити во 92,3 проценти од случаите, а 100% памучната маица во 91,1 процент.

Најлоша била маската направена од маица чија комбинација е 75% памук, 25% полиестер, каде заштитата е само 42,6%.

Поврзани вести

Потресно сведоштво на жена од Италија: „Од балконот го гледав погребот на моите браќа кои починаа од коронавирусот“

Прва снимка на Асанж по повеќе месеци во затвор: Основачот на Викиликс се појави пред суд (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Над 172.000 новозаразени од Ковид-19 ширум светот

Stefanija Kuzmanovska

Плажите во Мајами се затворени, но затоа Американците се забавуваат на јахтите (ФОТО)

Големо богатство во германско гратче: Закопани 72 000 тони злато

Никола Поповски

Француски европратеник не ја сака БиХ во ЕУ, бара стопирање на проширувањето