Вести СВЕТ

Колесникова од затвор: Продолжете со протестите, не се откажувајте

Во писмо, приведената белоруска опозициска политичарка Марија Колесникова ги повикала демонстрантите кои протестираат против Александар Лукашенко да не се предаваат и ги исмејуваа безбедносните сили кои ја уапсија.

Во писмото од затворот, објавено од порталот „Tut.By“, Колесникова апелирала до демонстрантите да не се предаваат во борбата против долгогодишниот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко.

„Мора да им кажете да не се предаваат, само продолжете! Овие луѓе што ме киднапираа се неверојатно слаби и хистерични. Тие дури и не знаат како добро да ја завршат својата работа“, напишала таа.

Колесникова во писмото навела дека е добро, дека условите се подносливи и дека нејзините нови пријатели се прекрасни, пренесува Ројтерс.

Колесникова последен пат е видена во јавноста на 7 септември, кога маскирани луѓе ја турнале во комбе на улиците во Минск.

Во изјава подоцна пренесена преку нејзиниот адвокат, таа соопштила дека припадниците на безбедносните служби ја однеле на границата со Украина среде ноќ и дека се заканиле дека ќе ја протераат „жива или на парчиња“.

Опозициската политичарка потоа го искинала пасошот за да избегне протерување и станала херој на масовните протести против Лукашенко.

Во средата, Александар Лукашенко положи заклетва за нов мандат, на инаугурација одржана без претходно објавување, што опозицијата и ЕУ ја прогласија за нелегитимна.

Поврзани вести

Меркел: Германија се уште е на почеток на пандемијата

Австралиски научници тврдат дека пронашле лек за новиот коронавирус

Никола Поповски

Нова демократија исклучи член кој на социјалните мрежи напиша мигрантите да се фрлат назад во море

Путин предлага измена на Уставот, распуштена Владата во Русија

Никола Поповски

Прогласија крај на епидемијата, а сега имаат одеднаш имаат седум нови случаи

Експерти: Осаменоста темната страна на работата од дома во време на пандемијата