Вести СВЕТ

Конфликт во Нагорно-Карабах: Ерменија објави снимки од срушени хеликоптери (ВИДЕО)

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан избувна повторно утрово во спорниот регион Нагорно-Карабах, а ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се соборени два азербејџански хеликоптери.

Портпаролот на Министерството Шушан Степанјан изјави дека ерменските сили погодиле три азербејџански тенкови.

Нагорно Карабах е етничка ерменска енклава во Азербејџан, која е надвор од контролата на Азербејџан од крајот на војната во 1994 година. Двете страни имаат силно воено присуство долж демилитаризираната зона што го одделува регионот од остатокот на Азербејџан.
Степанјан рече дека денешниот конфликт започнал со азербејџанскиот напад, но Азербејџан објави дека ерменската страна нападнала и дека Азербејџан започнал со контраофанзива.

Ерменија прогласи општа мобилизација и планира да испрати 10.000 војници во конфликтот.

Поврзани вести

Сите кои ќе пристигнат во Пекинг ќе мора да се самоизолираат во траење од две недели

Њујоршки експерт: Ова се вистините и лагите за коронавирусот, за кои сте сакале да прашате, а сте немале можност

Украинскиот авион Боинг 737, што денеска се урна во Иран поминал техничка контрола два дена пред несреќата

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да соработува со истрагата

Влатко Зорба

Голем број на жртви при лавини на ски-центри во Австрија и Швајцарија (ВИДЕО)

Никола Поповски

Русија загуби осум милијарди долари со де-доларизација на своите девизни резерви

Влатко Зорба