Регион СВЕТ

Коњуфца: Косово нема да аплицира за членство во Интерпол оваа година

Министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, побара на седницата на владата да се разгледа неуспехот на Косово за членство во Интерпол оваа година.

„Според внатрешната анализа од страна на министерството што јас го претставувам, ситуацијата не е премногу оптимистичка во однос на претходните години“, рече Коњуфца.

Според него, Косово би го имал истиот резултат, ако се пријави и оваа година.

Тој рече дека е подобро да се поднесе апликација следната година.

„Следната година е многу поповолна за нас заради тоа каде се одржува, во Турција, каде што може да се завршат повеќе работи, затоа што наследивме сериозна ситуација и имаше неуспех во гласањето за членството на Косово во Интерпол. Ми се чини дека на 1 или 2 март, ќе го решиме овој проблем. Дотогаш, ќе мора да ги известиме надлежните институции дека Косово нема да поднесе барање годинава “, рече Коњуфча.

Тој смета дека неуспесите не се добри за Косово.

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека итно ќе го реши проблемот.

Поврзани вести

Уште еден земјотрес со интензитет од 4,8 степени го погоди утрово Крит

Борис Џонсон најави построги закони за терористички осуденици

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата има најголем раст од 1958 година

Меркел: Расизмот е отров, виновен за премногу злосторства

Никола Поповски

По земјотресот во Турција: Најмалку 38 жртви, жена и дете спасени од под урнатините

Никола Поповски

Контроверзен француски доктор тврди дека хлорокинот е најефикасен лек против коронавирусот: Јас сум одметник и сум чекор пред сите други