Регион СВЕТ

Корона влезе во студентските домови во Белград, заразени 20 студенти

Коронавирусот влезе во студентски домови во Белград, а како што дознава српски Телеграф, се разболеле околу 20 студенти и нивните контакти од студентскиот дом во Карабурма.

Епидемиологот од Институтот за здравствена заштита на студентите во Белград, познатата Студентска поликлиника, д-р Мила Пауниќ изјави дека ниту еден од нив нема тешка клиничка слика, како и дека ситуацијата е под контрола.

– Сето ова е целосно очекувано. Сите се добри. Никој нема тешка клиничка слика – рече д-р Пауниќ за Телеграф.

Според неа, сите студенти кои биле заразени со корона биле сместени во изолација со помош на Студентски центар Белград.
– Студентскиот центар најде простор за изолација. На колегите од Градскиот институт за јавно здравје во Белград многу ни помогнаа. Станува збор за дваесет студенти и нивни контакти, кои се во изолација – рече таа и додаде дека сите институции во рамките на Студентскиот центар спроведуваат многу ригорозни превентивни мерки:

– Домовите се, на крајот на краиштата, густо населени колективи. Младите интензивно се дружат, студентските соби се мали, и секогаш постои закана дека инфекцијата ќе се шири. Ние даваме се од себе да не дозволиме да се случи тоа.

Поврзани вести

Најмалку 23 убиени на протестите во Ирак (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Уапсено лице со над 300 килограми марихуана

Влатко Зорба

Тон кокаин вреден 128 милиони долари го криеле меѓу гајби со овошје!

Никола Поповски

Трамп ја разгледува можноста за исплата на 1.000 долари за секој Американец за да се стимулира економијата

Доктор Фаучи и други високи официјални лица во карантин откако биле изложени на Ковид-19

Европската комисија може да покрене кривична постапка против Малта за непочитување на законите