ЕУ СВЕТ

Корона во Франција стигнала многу порано: Француските лекари открија пациент кој бил заразен уште во декември

Пациент дијагностициран со пневмонија во близина на Париз на 27 декември, всушност, имал коронавирус, изјави неговиот лекар.

Д-р Ив Коен за француските медиуми изјави дека брисoт што се земал во тоа време, кој неодамна бил тестиран, бил позитивен за „Ковид-19“.

Пациентот, маж во педесеттите години, кој оттогаш целосно се опоравил, изјавил дека немал идеја каде го фатил вирусот затоа што не бил во ниту една заразена област. Оваа вест значи дека вирусот можеби е пристигнат во Франција скоро еден месец порано отколку што се сметаше претходно.

Досега, првите три случаи на коронавирус во земјата се потврдени на 24 јануари. Од нив, двајца беа од Вухан, Кина – каде за прв пат беше откриена епидемијата – а третиот беше близок член на семејството.

Д-р Коен, шеф на итна медицина во болниците во Авицена и Жан-Вердиер во близина на Париз, за ​​францускиот БФМТВ изјави дека неодамна ги преиспитал досиејата на пациенти примени со симптоми на грип во декември и јануари. Вкупно, тестирал брисеви на 14 пациенти, рече тој.

„Повторно ги тестиравме носните брисеви направени во тоа време со втора дијагноза за да пробаме да најдеме траги на коронавирусот“, рече тој.

– Од 14 пациенти, еден бил тестиран позитивен. Го тестиравме уште двапати за да се осигураме дека нема грешка. И двапати, тој се врати позитивен.
Д-р Коен рече дека ја алармирал Националната здравствена агенција (АРС) и ги повикува другите виролози повторно да ги тестираат брисевите во нивните болници на „Ковид-19“. Целосниот извештај треба да биде објавен подоцна оваа недела и ќе биде објавен од Меѓународниот весник на антимикробници, додаде тој.

Поврзани вести

Курти не сака средба со Тачи: Ја одби и втората покана

Никола Поповски

Коронавирусот усмрти повеќе од 100 луѓе во Италија

Германија: Деветмина убиени во напади на наргиле-барови, напаѓачот пронајден мртов

Никола Поповски

Француски лекар: Првиот случај на коронавирус бил на 27 декември

Нови жаришта на коронавирус во Јужна Кореја се ноќните клубови

Марин Ле Пен се прашува дали коронавирусот излегол од лабораторија

Stefanija Kuzmanovska