Вести СВЕТ

Коронавирус во Русија: Како Путин го решил проблемот со аптеките што ги зголемиле цените на маските? (видео)

На неодамнешната седница на руската Влада на која се дискутираше за коронавирусот, исто така, се отвори прашањето со проблемот во аптеките, кои од почетокот на годината ги удвоиле цените на заштитните маски за лице.

Вицепремиерката Татјана Голикова му соопштила на рускиот претседател, Владимир Путин дека во аптеките е забележан пораст на цените на маските и лековите, на некои места и до 100 пати.

Рускиот лидер изјавил дека аптеките што ги зголемиле цените на антивирусните лекови и маски треба да им бидат одземени дозволите за работа.

„Нивните лиценци треба да бидат одземени. Тие сакаа да се збогатат “, рече Путин на состанокот со членовите на кабинетот. „Треба да ги најдеме таквите во секоја организација и да донесеме одлука за да не се осмелат следниот пат“, истакна тој.

Putin kaznio one koji dižu cijene zaštitnih maski za lice

Ovako je Putin riješio problem preskupih zaštitnih maski za lice.

Gepostet von Index Video am Montag, 23. März 2020

Во Русија 438 лица се разболеле од новиот коронавирус КОВИД-19.

Според најновите податоци, повеќе од 372.000 луѓе се заразени во светот, околу 101.000 се опоравиле, а повеќе од 16.000 починале.

Поврзани вести

Столтенберг: НАТО не е страна во конфликтот во Нагорно Карабах

Stefanija Kuzmanovska

Демонстрантите со навреди ги дочекаа учесниците на конвенцијата на Трамп (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Генерал Мили: Ракетните тестирања на Северна Кореја не се закана за САД

Маж со мачета предизвика паника во метрото во Париз

Влатко Зорба

Англија има рекорден број жртви во последните 15 години

Влатко Зорба

Меркел и Макрон подготвени да му помогнат на Навални, бараат брзо расчистување на случајот

Влатко Зорба