Вести СВЕТ

Коронавирус во светот: Повеќе од еден милион заразени, повеќе од 50.000 починати

Вкупниот број на случаи на коронавирус во светот надмина еден милион, при што во моментов се заразени 1.000 168 лица. За само една недела овој број се зголеми за 500.000.

Во светот во моментов има 738.623 активни случаи, од кои 37.003 се во критична состојба, според Worldometers. Починате се над 50.000 луѓе.

Само во Европа досега се пријавени над 500.000 случаи, најголем дел од Италија и Шпанија.

Новиот коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан. Вирусот се прошири низ Кина и прво ја погоди провинцијата Хубеи, во која се наоѓа Вухан.

Епидемијата на вирусот во Кина беше официјално прогласена на 23 јануари 2020 година. Тогаш Кина ги стави во карантин сите градови и бевме сведоци на изградба на привремени болници со молскавична брзина.

Досега во Кина се пријавени 81.589 случаи,  76.418 биле излекувани, а 3.318 лица починале.

Оваа земја, како и цела Азија, сега бележи пад на бројот на заразени лица, а проблемот го создаваат луѓе кои сега доаѓаат од странство.

По Кина, епицентарот на пандемијата стана цела Европа.

Кон средината на февруари, коронавирусот започна да се шири во Италија. Италијанската провинција Ломбардија брзо стана жариште на вирусот.

Италија досега има регистрирано вкупно 115.224 случаи.

Поврзани вести

СЗО: Состојбата со коронавирусот се влошува

Stefanija Kuzmanovska

Проектил експлодира близу американската Амбасада во Багдад

И луѓето кои никогаш не биле изложени на коронавирус може да имаат заштитни Т-клетки

Stefanija Kuzmanovska

Просечната возраст на новозаразените во САД сега е за 15 години помала

Никола Поповски

Турската помош и писмото на Ердоган пристигнаа во САД

Stefanija Kuzmanovska

Високи ЕУ претставници во посета на грчко-турската граница