Вести СВЕТ

Коронавирусот е адаптиран да инфицира луѓе: Дали е случајност или за тоа е виновен човекот?

Еден тим на врвни научници вели дека оние кои гo испитуваат потеклото на појава на коронавирус треба да јa испитат можноста дека вирусот можеби излегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, епицентарот на пандемија.

Професорот Николај Петровски, лидер на австралискиот тим, изјавил дека овој вирус не е типичен пример за инфекција која преминала од животно на човек, бидејќи има исклучителна можност веднаш да влезе во човечкото тело.

Тој додалдека не може да се исклучи можноста вирусот некако да избега од лабораторијата за тестирање. Петровски, професор по медицина на универзитетот Флиндерс во Аделејд, е лидер на истражувачка единица која ќе започне со тестирање на вакцината врз луѓето следниот месец.

Тој објасни дека кога новиот вирус преминува од животно на човечко, тој обично станува посилен бидејќи се прилагодува на новиот домаќин. Сепак, од необјаснети причини, новиот коронавирус се чини дека е совршено прилагоден за зарази кај луѓето. Професорот вели дека најблиските поврзани познати вируси биле изучувани на Институтот за вирологија во Вухан.

„Во моментов нема доказ дека вирусот „истекол“, но има доволно податоци кои предизвикуваат загриженост. Ваквата можност ќе остане се додека не биде исклучено од опција ваквото сомневање“, истакнува Петровски, додавајќи дека не треба да се прескокне лабораторијата во истражувањето на потеклото на пандемијата.

„Ова е или неверојатна случајност или знак за човечка интервенција“, додава Петровски.

Ричард Ебрајт, експерт за биобезбедност, истакнува дека шансите коронавирусот природно да добие такви карактеристики се можни, но дека тие се маклу веројатни.

Ваквите тврдења ќе поттикнат загриженост дека смртоносниот вирус е произведен во лабораторија со цел да навлезе во човечките клетки.

Ваквиот извештај доаѓа откако по анализата на податоците на мобилните телефони е потврдено дека лабораторијата во Вухан затворена во октомври минатата година. Во извештајот се наведува дека немало телефонски активности во високо обезбедуваниот дел од вуханскиот институт од седми до 24 октомври 2019 година. Исто така се укажува дека можеби се случил опасен инцидент меѓу шести и 11 октомври.

Поврзани вести

Хејл нема видено докази за украинско мешање во изборите во САД

Целосно уништена зградата во која загина вереницата на синот на Рама (ВИДЕО)

Бројот на пациенти со сезонски грип е рекордно мал

Влатко Зорба

Откриени 774.000 лични податоци на мигрантите

Stefanija Kuzmanovska

Тунберг изрази незадоволство од договорот постигнат од лидерите на ЕУ за планот за закрепнување

Приштина блокирана пред доаѓањето на Ричард Гренел поради сомнителен куфер

Никола Поповски