Регион СВЕТ

Косово: 194 новозаразени и 42 со тешка клиничка слика

На Косово, повеќе од 600 пациенти се лекуваат во клиниките на Универзитетскиот клинички центар и општите болници, од кои 419 се дијагностицирани со коронавирусот, пренесува „Зери“.

Според соопштението на Универзитетскиот клинички центар на Косово, од 419 ковид-пациенти, 369 се на терапија со кислород, од кои 42 се во лоша здравствена состојба, 18 на респиратори и 24 со ЦПАП маска.

„Во Универзитетскиот клинички центар се хоспитализирани 262 пациенти, од кои 214 беа позитивни на вирусот, додека 341 пациенти се хоспитализирани во општите болници во Косово, односно 205 се дијагностицирани со Ковид-19“, се вели во соопштението.

Институцијата апелирала до граѓаните на Косово да се придржуваат кон препораките на здравствените институции, да носат маски и да ги почитуваат одлуките донесени на последната седница на Владата на Косово.

Во последните 24 часа, од 449 тестирани лица, во Косово се регистрирани 194 нови случаи на инфекција со коронавирус, а во истиот период се излечиле 138 пациенти, објавил Националниот институт за јавно здравје во Приштина.

Од почетокот на епидемијата во Косово се евидентирани 7.846 случаи на инфекција со Ковид-19, а од овој вирус починале 196 лица, кои истовремено имале и други заболувања. Вкупниот број на активни случаи е 3.383, додека бројот на излечени е 4.267, известува „Косово онлајн“.

Поврзани вести

Тиодоровиќ: Здравствениот систем е оптоварен и на работ на издржливост

Влатко Зорба

Невреме на Јадранот, налет на ветер до 100 км/ч (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Помпео: Кинеската Комунистичка партија претставува закана

Stefanija Kuzmanovska

Српски имунолог објаснува што коронавирусот му прави на вашето тело (ВИДЕО)

Aвтобус влета на преполна автобуска постојка – 13 повредени

Влатко Зорба

ДРАМА ВО СПЛИТ: Убиец на бремена жена избегал од судница, полицијата го бара (видео)

Никола Поповски