Регион СВЕТ

Косово: Поради пандемијата без работа останале 30 000 лица

Синдикатот на вработените во приватниот сектор на Косово проценува дека поради пандемијата на коронавирус, без работа останале околу 30.000 луѓе, вели претседателот на овој синдикат, Јусуф Аземи.

Според него, оние што ја изгубиле работата не успеале да добијат ниту компензација од 130 евра, како што е предвидено во пакетот мерки на Владата на Косово, пренесува Бета.

Даночната администрација соопшти дека од март годинава добиле 1.600 барања од луѓе кои ги загубиле работните места.

Компензација од 130 евра

Планот предвидува дека на оние кои ќе загубат работа во тој период ќе бидат обештетени со 130 евра за април, мај и јуни годинава.

Министерството за финансии и трансфер на Косово за сајтот „Кoha.net“ изјави дека очекуваат исплатата да биде извршена во наредните денови.

Во Косово досега 945 лица се заразени со новиот коронавирус, излечени се 690, а починале 29 лица.

Поврзани вести

Уапсен маж во Хонг Конг кој на протест со нож повреди две лица и му одгриза дел од уво на политичар

Влатко Зорба

Грција – САД: Конзистентна имплементација на Договорот од Преспа

Влатко Зорба

Осум часа пред ракетниот напад врз базите во Иран, американските војници биле предупредени

Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот

За првпат во Франција поранешен претседател ќе биде изведен пред суд за корупција

Никола Поповски

Вучиќ: Србија ќе се соочи со ултиматум – ќе добиеме гаранци за влез во ЕУ и ќе бараат да го признаеме Косово

Влатко Зорба