Вести СВЕТ

Кралицата Елизабета Втора: Приоритет на британската Влада е да излезе од Европска Унија на 31 октомври

Приоритет на британската Влада е да излезе од Европска Унија на 31 октомври, изјави денеска англиската кралица Елизабета Втора.

Таа зборувајќи во Парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на Владата, истакна дека го поддржува планот на премиерот Борис Џонсон, да „работи на ново партнерство со ЕУ, заснован на слободна трговија и пријателска соработка“.

Кралицата Елизабета Втора наведе и дека британската Влада по излегување од ЕУ ќе обезбеди државата и понатаму да има водечка улога на светската сцена, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси.

– Мојата Влада ќе биде во првите редови при решавање на најкомплексните меѓународни безбедносни проблеми, истакна кралицата.

Поврзани вести

Полицајците се жалат: Не можеме да гласаме на изборите во Црна Гора (видео)

Никола Поповски

Како коронавирусот ја промени Русија: Од 100 до 28 000 потврдени случаи во последните 30 дена

Пожари беснеат во Калифорнија

Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија: Потврден првиот случај на коронавирус

Папата Франциск денеска од Тајланд допатува во Јапонија

Влатко Зорба

Во Белгија уапсен човек по напад врз две лица