Регион СВЕТ

Кривокапиќ: Ниту Белград, ниту Русија не се мои ментори

„Јас немам ментори, ниту во Белград, ниту во Русија, а мој ментор не е ниту неговото свештенство, митрополитот Амфилохије, изјави за Дојче веле, Здравко Кривокапиќ, лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“.

На прашањето за фактот дека некои се среќни, додека други се плашат и негодуваат поради можноста да стане премиер, Кривокапиќрекол дека тоа се спинови што доаѓаат од еден круг на луѓе, пишува ДВ.

„Мислам дека се спинови што доаѓа од истите кругови. Овие кругови кажуваат само едно – дека единствениот човек на стабилност во Црна Гора, признаен од мнозинството од меѓународната заедница, е г. Ѓукановиќ. Тоа е неверојатна порака која никој од граѓаните на Црна Гора не може да ја прифати како вистинска мерка за вистината“, рекол тој.

За борбата против корупцијата, лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ вели дека поради малиот простор и населението, Црна Гора е погодна почва за непотизам и сите форми на корупција и дека треба да се справат што е можно поскоро.

„Го наоѓам директниот виновник во полициската администрација и во обвинителството. Што значи дека некој не си ја врши својата работа правилно или ја дефинира на ниво на партиско подобност и покорност. Црна Гора е поврзана, затоа што ние сме мал простор и секој знае секого и тоа е потенцијална опасност Ние сакаме да го покажеме секој пример за корупција, да ги освестиме луѓето за тоа и медиумите и невладините организации да бидат четвртиот столб што ќе укажуваат на каква било злоупотреба“, рекол Кривокапиќ.

Тој вели дека немаат намера да го менуваат прозападниот курс на земјата, што го воспоставил режимот на Мило Ѓукановиќ, пред се со влезот во НАТО.

Поврзани вести

Европската комисија: Потврден првиот случај на коронавирус

Украдени 50.000 маски во Келн: „Ова е нов вид кражба за нас“

УНИЦЕФ испраќа 2 милијарди дози вакцини против Ковид 19 за земјите во развој

СЗО ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради коронавирусот

Чавушоглу утре ќе го посети Ирак во обид да се намалат тензиите по иранскиот ракетен напад

Нови 582 случаи на коронавирус во Русија: 9 починати во последните 24 часа