Вести Регион СВЕТ

Криза со мигрантите: Во 2020, Германија не е повеќе земјата од 2015 година

Турскиот претседател го крши договорот за бегалци со ЕУ и се заканува дека: „Милиони ќе дојдат“ Канцеларката Меркел смета дека пристапот на Ердоган е „тотално неприфатлив“ и тврди дека границата со бегалците е „ќорсокак“.

Сликите од грчко-турската граница се застрашувачки: илјадници бегалци и мигранти пред ролни со бодликава жица. Грчките сили пукале со солзавец кон нив и направиле се што можеле за да ги спречат влегувањето на територијата на Европската унија. Некои бегалци држат транспаренти со кои се бара Ангела Меркел да им помогне. Затоа што, германската  канцеларка ги спаси бегалците во Унгарија во 2015 година со тоа што им дозволи да дојдат во Германија. Бегалците се надеваат и сега.

Но, во 2020 година, Германија не е повеќе земјата од 2015 година. Сега, самата канцеларка вели дека тогаш постоело „губење на контролата“ и отворање на границите, преку кои влегле стотици илјади луѓе во земјата. Таа го нарече „грешка“ што не треба да се повторува. Од 2015 година, во Германија се случило многу: партијата Алтернатива за Германија (АфД), која во голема мерка е радикално десничарска, стана попопуларна. Десничарскиот тероризам е во пораст.

Анкара во понеделникот вечер рече дека Ердоган побарал „фер споделување на товарот и одговорноста за мигрантите“ меѓу ЕУ и Турција во телефонско интервју со Ангела Меркел. Во исто време, тој ја отфрли понудата на ЕУ од милијарди евра за помош на бегалците.

Германската влада сеуште е убедена дека договорот ЕУ-Турција е добар за обете страни и започнува од тоа што и двете страни ќе се придржуваат кон него, рече портпаролот на владата на Зајберт: „Сигурно е дека во моментов имаме ситуација што не е во духот на тој договор. Но, исто така, не го слушнавме дека тој е распаднат“.

„Не смееме да дозволиме бегалците да станат монета на геополитички интереси“, рече германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас (СПД). Европската унија останува подготвена да придонесе за грижата за бегалците, вклучително и во Сирија, но и во Турција, земја која носи голем товар, примајќи скоро четири милиони бегалци.

ДВ

Поврзани вести

Во Србија утрово нови 11 позитивни случаи: Вкупна бројка од 83 заразени

Доктор Кон: Сè уште имаме епидемија, може да вратиме одредени мерки

Британец со вежби за длабоко дишење го победил коронавирусот (ВИДЕО)

Властите бараат жителите на Барселона да не ги напуштат своите домови

Stefanija Kuzmanovska

Запалени канцелариите на шиитските политички партии во Ирак

Maja_Serafimova

Асанж може да заврши во најозлогласениот затвор во САД

Влатко Зорба