Вести СВЕТ

Кучиња трагачи на аеродромот во Хелсинки откриваат коронавирус

Финска распореди обучени кучиња трагачи на аеродромот во Хелсинки за откривање на патници заразени со коронавирус.

Четири кучиња, од различни раси, обучени од Финското здружение за откривање мирис, започнале да „работат“ на аеродромот, како дел од истражувањето финансирано од владата, според АП.

Станува збор за четиримесечно испитување на алтернативен метод за тестирање на коронавирус, што може да се покаже како поекономичен и полесен начин за откривање на заразени патници.

Финска се одлучила на овој потег откако студијата на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Хелсинки сугерирала дека кучињата кои се обучени за тоа можат да го откријат Ковид-19 со скоро 100% сигурност, пренесува „Скај њуз“

Професорка од Универзитетот во Хелсинки, Ана Хјелм Бјоркман, оценила дека ова е ветувачки метод и соопштила дека, ако успее, тоа ќе биде добар метод за скрининг и на други места.

Како пример за места каде што можат да „работат“ обучените кучиња, таа ги спомнала болниците, пристаништата, домови за стари лица, спортските и културните настани, пренесува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Бјоркман изјавила дека Финска е втора земја во светот, и прва во Европа, што им овозможува на кучињата да го намирисаат коронавирусот.

Слична програма започнала да се спроведува на аеродромот во Дубаи во текот на летото.

Патниците кои се согласуваат бесплатно да бидат тестирани според оваа програма во Хелсинки, не мора да имаат директен физички контакт со кучето.

Тие треба да се избришат со марамче, кое потоа се става во тегла и му се дава на кучето во посебна кабина.

Поврзани вести

Турските власти го уапсија градоначалникот на Сур под сомнение за поврзаност со курдските екстремисти

Регистрирани речиси 13.500 молњи во Грција

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба, 200.000 луѓе евакуирани заради пожарите

Maja_Serafimova

Путин планира да ја прими руската вакцина по посетата на Сеул

Влатко Зорба

Масовен скрининг во Вухан: Сите 11 милиони жители ќе бидат тестирани

Во Италија соборен црниот рекорд: Најголем број на заразени лица од мај годинава

Никола Поповски