СВЕТ

Куомо: Грешка беше да се слуша Трамп, владата е некомпетентна

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави денеска дека е вина на другите држави што ги слушале повиците на претседателот Доналд Трамп да се отворат за време на пандемијата.

Куомо рече дека сојузната влада била наспособна и во негирањето и дека вршела притисок врз државите повторно да се отворат невнимателно, што тоа го сторија, објави Си-Ен-Ен.

„Ослободете се, ослободете се, ослободете се“, рече Куомо, потсетувајќи се на твитовите на американскиот претседател за ова прашање.
„Нивната грешка беше што го послушаа претседателот“, додаде тој.

Куомо рече дека луѓето доаѓаат од други држави во Њујорк за да најдат засолниште од вирусот.

„Другите држави треба да го стават вирусот под контрола“, додаде гувернерот на Њујорк.

Поврзани вести

Директорот на СЗО патува во Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Си Ен Ен: Трамп едвај чека да го види својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган

Влатко Зорба

Избија судири во Боливија откако Анес се прогласи за претседателка (ВИДЕО)

Повеќе од 20 држави во светот испратија хуманитарна помош за Кина во нејзината борба против коронавирусот

Путин: На Русија и треба цврста претседателска власт

Никола Поповски

Во Москва украден автомобил кој наводно му припаѓал на Сталин

Никола Поповски