Регион СВЕТ

Курти: Денес сум среќен затоа што нема вонредна состојба, ниту размена на територии

Премиерот на Косово, Албин Курти, потврди на седницата на косовското Собрание дека веќе е постигнат договор со Србија, додавајќи дека не е на него да замине во Вашингтон.

„Имаше лажни понуди да одам во Белата куќа. Само за кратко да објаснам. Не требаше јас да ја водам делегацијата, туку да му се придружам (Тачи) кога беше постигнат договорот“, рече Курти, пренесува „Косово онлајн“.

„Пред да се укинеат таксите, Мустафа ми испрати писмо во кое бара укинување … Јас не сум за тоа да не воведеме реципроцитет, туку дека ова е прашање на став“, рече Курти.

Тој повтори дека нема да изгуби многу со тоа што нема да биде премиер, со оценка дека косовските граѓани би загубиле најмногу.

„Зошто сум среќен денес? – Бидејќи не успеа да се воведе вонредна состојба, со овој премиер не постои ниту размена на територија, ниту вонредна состојба. Ова е екстремна мерка“, рече Курти.

Тој исто така рече дека не постои извештај од состанокот на 17 март на Националниот совет за безбедност за консултации за прогласување на вонредна состојба во земјата поради коронавирусот, на предлог на претседателот Хашим Тачи.

„Зошто ова се случува? Тоа е затоа што Косово е сè уште заробена држава“, рече Курти.

По ова следува едночасовна пауза во седницата на косовското Собрание, на која ќе се продолжи гласањето за недоверба на владата на предлог на Демократскиот сојуз на Косово.

Поврзани вести

Претседателот на Португалија во карантин поради коронавирусот

Олег Сенцов добитник на наградата Сахаров за 2018 година

Едно 13-годишно девојче е убиено, а двајца тинејџери се повредени во пукање во Северна Каролина

Страшна олуја ја погоди Јапонија: 10 загинати и тројца исчезнати (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Француските синдикати денес повторно повикаа на нови демонстрации

ФОТО: Најмасовни протести во Црна Гора против Законот за слобода на вероисповест