Регион СВЕТ

Курти: Договорот со Демократскиот сојуз е можен, затоа што тоа им е потребно на граѓаните

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде нов премиер на Косово откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори, смета дека договорот за заедничка влада со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како второрангирана партија на изборите, е „можен и потребен“.

Говорејќи на денешната трибина на ВВ на тема „Општествен договор: Жените за развој“, Курти рече дека сигурно ќе ги продолжи средбите со лидерот на ЛДК Иса Мустафа, затоа што граѓаните очекуваат тие две партии да се договорат за идната влада.

– Сигурно дека ќе има средби, невозможно е да немаме средби. Договорот е можен, договорот е потребен, затоа што тоа им е потребно на граѓаните. Меѓутоа тоа не е вест. Кога ќе ги имаме конкретните ррезултати, кога ќе го имаме договорот со неговите составни елементи, што ќе се придодаде на хармонизираната програма, ќе имаме што да кажеме, изјави Курти.

Двете досега опозициски партии, ВВ и ЛДК, ги започнаа преговорите за формирање на новата влада веднаш по изборите на 6 октомври, на кои победи ВВ со 26,27 отсто, а втор беше ЛДК со 24,54 отсто освоени гласови.

До застој во преговорите меѓу нив дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новото, седмо по ред, Собрание на Косово по војната во 1998-99 година, е закажана за идниот четврток, 26 декември, со почеток во 15 часот.

Со барања до партиите на Курти и Мустафа да не одолговлекуваат и да постигнат договор за формирање на идната влада истапија мисијата на Европската унија, како и неколку амбасади и претставници на САД и на земјите од Западна Европа.

Поврзани вести

Човек на Лука Бојовиќ го ликвидирал Стојановиќ

Александар Петровски

Во САД повеќе од 100.000 заразени со коронавирусот

Кампањата за претседателски избори официјално почнува во Хрватска

Maja_Serafimova

Нов договор за транзитот на руски гас низ Украина

Никола Поповски

Трамп: САД повторно и набрзо ќе бидат отворени за работа

Никола Поповски

Црна Гора ја забрани употребата на автомати за кафе