Регион СВЕТ

Курти ги укина таксите на увозот од Србија и Босна и Херцеговина

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти рече дека косовската влада вечерва донела одлука постепено да воспоставува реципроцитет за Србија, наместо 100 -процентните такси за увозот на стоки, додека за Босна и Херцеговина ќе ги укине даноците без реципроцитет.

Курти на прес-конференција рече дека владата ќе донесе одлука да укине таксите од 100 проценти, но со постепено воведување на реципроцитет кон Србија со цел одлуката да стапи на сила од полноќ.

Тој рече дека ќе започне од воспоставување трговски односи со Србија, истовремено почитувајќи го Уставот на Косово и важечкиот закон, т.е. еднаквите односи, јавува Анадолија.

„Фитосанитарните сертификати и придружната документација за прехранбените производи ќе подлежат на фитосанитарни контроли на граничните премини и ветеринарните контроли“, рече Курти.

Вршителот на должноста премиер рече дека оваа одлука ќе ја донесе Владата на Косово.

„Ги повикав сите членови на кабинетот да гласаат за оваа одлука, така што таа ќе стапи на сила од полноќ“, рече Курти, додавајќи дека решението ќе биде ефективно до 15 јуни кога ќе се преиспита неговото спроведување.

Нема реципрочни мерки за БиХ

Курти истакна дека таксите од 100 проценти за увоз на стока од Босна и Херцеговина се укинуваат без никакви реципрочни мерки.

“Ние не сакаме да ги третираме Србија и БиХ на ист начин. Знаеме дека БиХ страда и од Србија, затоа што со нас се бори однадвор, а со БиХ одвнатре. Нашиот гест на добра волја се надеваме дека ќе наиде на одобрување од тамошните луѓе, но сакаме државните власти во БиХ, иако не се признаваме едни со други, да реагираат со укинување на нивните такси“, рече Курти.

Тој истакна дека БиХ не го признава Косово како независна држава, ниту пак Косово ја признава БиХ, но дека постои желба од косовска страна БиХ да постои и затоа Приштина и Сараево не треба да имаат бариери за движење.

На 20 март, владата на Косово ги укина даноците од 100 проценти на увозот на суровини од Србија и Босна и Херцеговина, а потоа објави дека ќе ги укине даноците целосно од 1 април и ќе воведе реципроцитет.

Надоместоците од сто проценти за производите од Србија и БиХ ги воведе поранешниот премиер Рамуш Харадинај на крајот на 2018 година.

Поврзани вести

Најголема закана за успешната борба на Бразил против коронавирусот е претседателот на таа држава

Трамп: Размислуваме за прегледи за лица кои пристигнуваат со меѓународни летови

УНДП: Стапката на човековиот развој ќе почне да опаѓа за првпат од 1990 година заради Ковид-19

За 24 часа 50 починати во Германија, нови речиси 5.000 заразени

Озлогласен мафијаш меѓу затворениците ослободени поради коронавирусот во Турција

Животот во Хубеи се враќа во нормала: Укинати ограничувањата во сообраќајот, границите се отворени (видео)