Регион СВЕТ

Курти за промената на границата: Планот пропадна, но идејата не е мртва

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека проектот за размена на територија и промена на границите на територијата на Косово пропаднал во рамките на дијалогот со Србија, но дека идејата не е мртва.

Во интервју за „Зидојче Цајтунг“, тој предупреди дека косовските власти треба да бидат претпазливи, бидејќи ваквите одлуки ќе ја отворат „Пандорината кутија“, пренесува Танјуг.

Тој рече дека не е против дијалогот со Србија, но дека рече дека процесот треба да се заснова на јасни принципи, кои се обврзувачки за двете страни.

„Србија мора да ја прифати реалноста: Косово е независна држава. И, не можеме да се вратиме во времето на Слободан Милошевиќ. Колку порано тие ќе ја прифатат, толку подобро и за двете страни“, рече Курти.

На прашањето за идејата за пристапување на Косово кон Албанија, Курти рече дека одлуката треба да ја донесат граѓаните на референдум во обете држави и дека сè „треба да се направи мирно, демократско и транспарентно“.

Поврзани вести

Австриска економија: Неверојатна загуба од 2,56 милијарди евра неделно

Стефановиќ за изборите во Косово: Не може Курти да ги задоволи потребите на српскиот народ

Maja_Serafimova

Руските власти испраќаат два воени брода крај сирискиот брег

Кина: 213 починати од коронавирусот, 9.692 заразени

Никола Поповски

Курти: Во владата што ќе ја водам нема да има претставник од Српската листа

Maja_Serafimova

Две децении од владеењето на Путин: Рускиот претседател е предмет на култ