Регион СВЕТ

Лавров ќе го посети Белград, но не и Загреб

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров ја откажал посетата на Загреб, но ќе дојде во Србија на 28 и 29 октомври. Посетата на Загреб е откажана поради случај на коронавирус во Руската амбасада.

Лавров ќе го посети Храмот Свети Сава и ќе се сретне со патријархот Иринеј, објавил весникот „Вечерње новости“.

Како што се толкува во дипломатските и политичките кругови, посетата на рускиот министер за надворешни работи е јасен одговор на Кремљ дека односите меѓу Србија и Русија не биле нарушени по потпишувањето на договорот во Вашингтон, како што шпекулираа некои домашни и западни медиуми, пишува весникот.

Поврзани вести

Пленковиќ: Проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред

Влатко Зорба

Древниот Мачу Пикчу отворен само за еден посетител

Критична вакцина против коронавирус се очекува за три-до четири месеци

Клинтон: Жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права

Докторката на која Трамп најмногу и верува: Мрази хомосексуалци, верува во илуминати и демонски секс

Градоначалникот на Љубљана под истрага за затајување данок