Вести СВЕТ

Леброн збесна заради снимката од брутално убиство на Афроамериканец (Вознемирувачко видео)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, збесна откако го виде видеото за бруталното убиство на 25-годишниот Афроамериканец Ахмод Арбери, кое го потресе целиот свет.

Имено, Ахмод џогирал во близина на неговата куќа во Брунсвик кога двајца белци, татко и син, го убиле со огнено оружје.

Наскоро се појави видеото од бруталното убиство, кое го погледнал и Леброн, а потоа имаше што да каже.

– Нас буквално нè ловат! Секој ден, нон-стоп, веднаш штом ќе излеземе од удобноста на нашите домови. Ние дури и не можеме да одиме на џогирање. Што е ова, се заебавате со мене? Не, човеке, се заебавате со мене! Жал ми е, Ахмод (почивај во рајот), сите мои молитви и убави мисли се насочени кон твоето семејство – порача Џејмс.

Поврзани вести

Додека работната сила заминува на Запад, отпадот доаѓа на Балканот

Никола Поповски

Елон Маск: Тесла ќе произведе респираторни машини доколку има потреба

Никола Поповски

Трагедија во зоолошка градина во Германија, загинаа 21 мајмун

Maja_Serafimova

Се намалува стапката на посети на пиратски содржини на интернет во ЕУ

Бил Гејтс за теориите на заговор: Делот што не поврзува со вакцините е точен, но таа поврзаност е извртена

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент (видео)

Никола Поповски