Вести СВЕТ

Лукашенко: Белорусија ги затвора границите со Полска, Литванија и Украина

Белорусија е принудена да ја затвори државната граница со Литванија, Полска и Украина, изјавил белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Принудени сме да ги повлечеме војниците од улиците, како што реков, да мобилизираме половина од армијата и да ја затвориме државната граница од запад, пред се со Литванија и Полска. Ние сме принудени да ја зајакнеме државната граница со нашата братска Украина“, рекол Лукашенко.

Лукашенко исто така посочил дека блиц-криг за преземање на власта во земјата никогаш нема да се случи.

„Под тие бело-црвено-бели знамиња, погледнете ги изразите и зборовите … Така го смислија тоа: блиц-кригот не профункционира. Тој беше осуден многу години пред овој. Тоа не можеше да се случи кај нас, никогаш нема да се случи“, рекол Лукашенко, говорејќи на женскиот форум „За Белорусија “.

Поврзани вести

Пентагон: Бројот на заразени војници од коронавирусот е 1.133

Stefanija Kuzmanovska

Додик: Српскиот народ ќе се обедини во овој век, без разлика дали ќе бидам жив или не

Никола Поповски

Како изгледа кога Путин ќе се изнервира? (видео)

Коронавирус: За прв пат помалку од 100 мртви за еден ден во Велика Британија

Влатко Зорба

Колинда Грабар Китаровиќ на итна операција во клиниката во Загреб

Александар Петровски

Коронавирусот може да се шири преку дишење и говор

Влатко Зорба