Вести СВЕТ

Лукашенко: Белорусија нема да има смртни случаи од коронавирусот

„Никој нема да умре од коронавирусот во Белорусија“, рече денеска претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, додавајќи дека нема потреба да се воведат построги мерки во Белорусија, како и во повеќето земји во светот, за да се спречи ширењето на вирусот.

Во Белорусија, според Министерството за здравство на земјата, 2.919 луѓе се заразени со вирус, а 29 починале.

Сепак, Лукашенко тврди дека смртните случаи се резултат на други болести на овие пациенти, како што се срцеви заболувања и дијабетес.

„Затоа велам дека ниту едно лице не умрело само од вирусот“, извика Лукашенко.

Тој им рече на луѓето дека треба да одржат позитивен став, пренесува Ројтерс.

„Веќе пронајдовме комбинација на лекови за да се спасат луѓе“, рече Лукашенко, соопшти државната агенција „Белта“.

За разлика од другите европски земји, границите се уште се отворени во Белорусија, а дозволено е да се играат фудбалски натпревари,  пред присуство на гледачи.

Поврзани вести

Властите потврдија за прв смртен случај во Пекинг

Во Хрватска нови 61 случај на коронавирус: Вкупно 315 лица се заразени

Српски министер на предизборен митинг скокнал врз публиката: Се возбудив поради атмосферата (видео)

И премиерот на Северна Рајна Вестфалија најави кандидатура за лидер на ЦДУ

„Веројатно ќе има познати нови случаи“, предупредува француската министерка за здравство

Stefanija Kuzmanovska

Затворени училишта, поплавени улици, паднати дрвја од невремето во Грција (ВИДЕО)