Вести СВЕТ

Лукашенко: „Фрлаат дрвја и камења по нас дека не сме бореле со вирусот, јавете се кај експертите на СЗО ќе ви кажат кој лаже“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека целата земја се „организирала“ да го порази Ковид-19 и дека тоа го прават на начин, на кој што доликува.

„Ние се бориме против оваа болест на вистински начин. Едноставно – се организиравме. Целата земја е вклучена во борбата за пораз на таа болест. Во суштина, тоа е паника, инфодмија, како што ја нарекуваат новинарите“, рече Лукашенко за време на видео интервју со молдавскиот претседател Игор Додон.

Белорускиот лидер смета дека Републиката нема причина да се оптоварува кога станува збор за моменталната состојба во земјата со коронавирусот.

Тој додал дека само „мрзливите лица“ во моментов „не фрлаат дрвја и камења кон Белорусија“ заради тактиката што таа ја избрала во борбата против вирусот.

„Отсекогаш сум рекол: секој делува во согласност со развојот на ситуацијата. Ние не сме богати луѓе, нашите народи не се богати и постојано мора да размислуваме за тоа што ќе се случи кога ќе заврши (ситуацијата со вирусот). Тоа нема да трае вечно. Ќе кажам само едно нешто што постојано им го кажувам на народот на Белорусија: Дај боже да поминеме низ епидемијата на сегашно ниво и ситуацијата во земјата да биде како што е сега“, рече Лукашенко за време на разговорот со својот молдавски колега.

Тој додал дека, во пресрет на критиките и сомнежите, Минск ги покани експертите од Светската здравствена организација да дојдат во Белорусија.

„Има само еден заклучок: не лажевме ниту криевме ништо. За некои кои во моментов нè критикуваат, велам: зарем не е полесно да се јават кај експертите во СЗО и да се види кој лаже“, смета Лукашенко.

Според најновите податоци, бројот на луѓе кои се заразиле од КОВИД- 19 во Белорусија достигна 17,489, а од почетокот на пандемијата починале 103 лица.

Поврзани вести

Во Јужна Африка од денеска се воведуваат полициски час и забрана за алкохол

Словенија: Кој намерно шири зараза добива 15 години затвор!

Трамп: Го прекинуваме финaнсирањето на СЗО заради начинот на кој раководеше со пандемијата

Блумберг двојно повеќе ги зголеми парите за реклама

Во светот повеќе од 15.000 мртви од Ковид-19

Би-Би-Си: Пронајден е првиот лек за коронавирус, евтин е и достапен за пошироката маса