Вести СВЕТ

Лукашенко негира: Создавање „супер-држава“ меѓу Русија и Белорусија?

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека на неодамнешната средба за интеграција на двете економии, Русија инсистирала на спојување на двете земји.

„Тие ја гледаат интеграцијата како „проголтнување“ на Белорусија. Тоа не е интеграција. Тоа е инкорпорација. Никогаш нема да го прифатам тоа“, рече Лукашенко.

Тој рече дека секогаш ќе се бори Белорусија да остане суверена и независна.

„Вашиот прв избран претседател нема да биде и последен“, додаде тој.

Лукашенко и Путин се состанаа минатиот петок на уште една рунда разговори во Сочи, но не успеаја да постигнат договор.

Соединувањето со Белорусија, многумина го гледаат како стратегија да се задржи Путин на власт дури и по неговиот претседателски мандат, кој истекува во 2024 година како шеф на нова држава, наведува американската новинска агенција.

И додека Лукашенко се спротивставува на напорите за интеграција, Кремљ го зголеми притисокот со запирање на снабдувањето со нафта за Белорусија, која се потпира на Русија со повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби.

Лукашенко рече дека разговорите за блиските односи меѓу Русија и Белорусија ќе продолжат, но дека само економската интеграција ќе биде на маса.

Поврзани вести

Атина: Запалени автомобили во неколку населби

Никола Поповски

Авионот на Квантас го почна најдолгиот непрекинат лет од Лондон до Сиднеј

Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер „идиот“

Влатко Зорба

Ердоган: Ситуацијата во Сирија личи на војна

Никола Поповски

Три лица загинаа, а уништени се 150 куќи во пожарите во Австралија

Саудиска Арабија осуди пет лица на смрт за убиството на Кашоги

Влатко Зорба