Вести СВЕТ

Лукашенко: Жив сум, не бегам од Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата на медиумите дека ја напуштил својата земја, велејќи дека тој е „тука и жив“.

„За почеток, јас сум жив, јас сум тука и не ја напуштив земјата, како што тврдат некои медиуми. Денес е 14 август, и се состанавме да разговараме за градежната индустрија“, изјавил Лукашенко на почетокот на средбата со белоруските градежници.

Претходно, некои медиуми изјавија дека Лукашенко наводно ја напуштил земјата и во моментов е во странство.

Протестите во Белорусија не стивнуваат од неделата, кога Александар Лукашенко повторно победи на претседателските избори. Досега едно лице е убиено, а голем број повредени при судирите на демонстрантите со полицијата.

Поради тоа, Лукашенко нареди да се испитаат сите апсења што се случија во последните денови.

Поврзани вести

Институтот Роберт Кох: Балканските земји се најголемите „извозници“ на Ковид-19 во Германија

Никола Поповски

Австрија се соочува со групна тужба од околу 2.500 туристи поради зараза со коронавирусот

Венецуела одлучи: Ќе ги протера дипломатите на Салвадор

Влатко Зорба

Кинеските научници утврдија дека постојат два типа на новиот коронавирус (ВИДЕО)

Путин: Руското оружје е многу пати помоќно од сите постоечки

Влатко Зорба

Курц: Меѓусебните обвинувања за ширење на вирусот немаат смисла

Stefanija Kuzmanovska