ЕУ СВЕТ

Макрон им рече на отпуштените работници на „Вирпул“ дека за тоа не е виновна неговата влада

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на отпуштените работници од фабриката за апарати за домаќинство „Вирпул“, во својот роден град Имиен, им изјави дека нема вина во неговата влада затоа што преземањето на оваа компанија не беше успешно.

Макрон во овој град во 2017 година водеше огорчена борба со ривалката на изборите Мари Ле Пен токму за гласовите на работниците, а тогаш на нив им порача дека верува во компанијата која ја презеде фабриката, иако таа подоцна пропадна, потсетуваат американските медиуми.

По второто преземање на фабриката без работа останаа повеќе од 100 работника.

Макрон нагласи дека владата не е виновна заради отпуштањето на работниците. Со ова тој се обидува да се спротивстави на повикот на крајната десница упатен до работниците пред локалните избори следната година и претседателските избори во 2022 година, наведуваат американските медиуми.

Поврзани вести

Владата на Србија воведе привремена забрана за влез на странски државјани од земји жаришта на Ковид-19

Црна Гора: Запленети два тони дрога

Никола Поповски

Нова снимка од полициската бруталност во САД: Афроамериканец го преживеал клечењето од полицаец врз неговиот врат (видео)

Во Италија 420 починати: Се намалува бројот на новозаразени, откриено кога точно се појавил вирусот

Се повеќе жени криминалци, тие се исто способни за кривични дела колку и мажите

Maja_Serafimova

Трамп привремено ја суспендира миграцијата во САД