Вести СВЕТ

Макрон: Носењето маски не е задолжително, враќањето во училишните клупи ќе биде доброволно

Ублажувањето на мерките нема да биде засновано на регионално ниво, но стратегиите ќе бидат прилагодени на различни територии, се вели во изјавата на Елисејската палата по состанокот меѓу претседателот Емануел Макрон и пратениците.

Укинувањето на мерките за изолација треба да биде подготвено во согласност со градоначалниците, рече Макрон, кој пред десетина дена најави дека ублажувањето во Франција ќе започне на 11 мај.

И понатаму остануваат многу одговори околу стратегијата за излегување од изолацијата, воведена на 16 март.

Враќањето на децата на училиште постепено ќе биде усогласено со локалните советници и ќе се прилагоди на локалната реалност, се вели во соопштението, што ќе зависи од големината на општината.

Приоритет ќе имаат најмладите, оние кои се зависни, како и децата со пречки во развојот, но сепак тоа ќе биде со согласност на родителите, па така враќањето во училиште нема да биде задолжително.

Задолжителното носење маски веројатно ќе биде воведено во јавниот превоз, соопштила Елисејската полиња.

Макрон ги повикал градоначалниците да започнат со масовно купување маски, наведувајќи дека тоа е препорака, а не обврска.

Националната академија за медицина вчера посочила дека носењето маски на јавни места е задолжително, велејќи само препораката не е доволна.

Владата ќе претстави детален план за излез од изолацијата на почетокот на мај.

Поврзани вести

Курти: Денес сум среќен затоа што нема вонредна состојба, ниту размена на територии

Уште една компанија го прекина испитувањето на лекови за Ковид-19

Никола Поповски

Саудискиот принц го хакирал телефонот на сопственикот на Вашингтон Пост

Никола Поповски

Конте го отвори состанокот за економското закрепнување на Италија по епидемијата

Влатко Зорба

Анкета: Французите најмногу стравуваат од тероризам

Со Ауди ја покоси трамвајската станица во Загреб (ВИДЕО)