Регион СВЕТ

Мандиќ: Експертската влада во Црна Гора ќе трае најмногу една година

На денешната средба со лидерите на победничките коалиции во Црна Гора, мандатарот Здравко Кривокапиќ понуди експертскаta влада што ќе ја предводи да трае од 200 дена до најмногу една година, изјавил еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.

Мандиќ за РТЦГ соопштил дека денес претставниците на новото мнозинство во парламентот и мандатарот не можат да се состанат поради обврската кон митрополитот Амфилохије, но додал дека решението не е како што замислувале во неговата партија.

Тој додал дека владата наскоро ќе биде конституирана и ќе има 12 министерства, а министрите нема да бидат партиски фигури. Тој исто така рекол дека владата ќе се реформира и дека мандатарот предложил да трае 200 дена или најмногу една година и таа да ги подготви првите фер и слободни избори.

„Тогаш одиме на нови парламентарни избори, бидејќи ќе имаме средина во која секој сигурно ќе може слободно да се изрази“, соопштил Мандиќ.

Поврзани вести

Српски кардиохирург: Направивме 17 обдукции на починати од корона, резултатите се фрапантни

Сенаторот Тед Круз и конгресменот Пол Госар одат во доброволен карантин, имале контакт со лице позитивно на коронавирус

Александар Петровски

Демократите и официјално го номинираа Џо Бајден за претседателски кандидат

Stefanija Kuzmanovska

Трамп: Иран го блокираше интернетот за да не се слушне што зборувам

СЗО: Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво

Никола Поповски

Фаучи: Ќе бидам задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна