СВЕТ

„Марш на жените“ во Минск: Полицијата не успеа да го спречи протестот

Неколку новинари и сниматели беа приведени додека известуваа за протестот на опозицијата во центарот на градот организиран од жени. Еден од нив е ослободен во меѓувреме, објави Белоруското здружение на новинари.

Полицијата не го одобри одржувањето на опозициониот протест „Марш на жените“.

Протестот „Mарш на жените“ беше организиран за поддршка на повредените демонстранти за време на протестите во градовите на Белорусија, кои се одржуваат со недели поради резултатите од претседателските избори.

За време на маршот од Плоштадот на победата до плоштадот Октомври, припадниците на специјалните полициски единици (ОМАН) се обидоа да ги спречат жените да учествуваат во протестот.

Меѓутоа, демонстрантите не го дозволија тоа, извикувајќи „Не се плашиме“, тие повторно се собраа во поворка и го продолжија маршот.

Поврзани вести

Американски научници: Коронавирусот ја губи силата на сонце, влага и топлина

Потпретседателот на Атлантскиот совет: Прашањето за Косово – еднаков проблем како ситуациите со Северна Кореја, Иран и Венецуела

Никола Поповски

ЕУ ја повтори поддршката за европска перспектива на Западен Балкан

Почина платениот убиец на Ескобар

Никола Поповски

Загинаа најмалку осум луѓе во поплавите во Египет

Maja_Serafimova

Рекордни 18,3 степени Целзиусови на Антарктикот

Stefanija Kuzmanovska