Вести СВЕТ

Маските и социјалната дистанца ќе ни станат секојдневие?

Носењето заштитни маски ќе стане нашата секојдневна рутина, нешто на што мора полека да се навикнеме, предупредуваат експертите на Светската здравствена организација (СЗО).

„Различните начини на заштита на лицето, секако, ќе станат норма за луѓето ширум светот“, предупредува Дејвид Набаро од СЗО, изјавувајќи дека вирусот нема да исчезне одеднаш.

Тој исто така рече дека научниците не знаат дали пациентите се способни да произведат имунитет дури и откако ќе закрепнат од вирусот и дека светот сè уште е далеку од наоѓање на вакцина.

Тој процени дека Ковид-19 ќе го револуционизира светот, исто како што ваквите промени претходно предизвикале ХИВ / СИДА и колерата.

Темата „маска“ иницираше бројни дискусии ширум светот, а мислењата се поделени. Експертите на СЗО велат дека носењето маска не е доволно за да се заштитите од коронавирусот.

„Луѓето треба да имаат доволно маски. Сепак, маската не штити целосно. Ако носите маска и заборавите на сè друго, т.е. не се држите до социјалното растојание, не ги миете рацете – сигурно ќе се разболите “, изјави претходно претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујнович.

Поврзани вести

Грета Тунберг ќе биде водителка на емисија на Би-Би-Си на Божик

Влатко Зорба

Фаучи: Можеби нема да има втор бран во САД

Влатко Зорба

Приведена пратеничка на руската Дума во Њујорк

Влатко Зорба

Медиуми: Албанците се најбројни странски државјани во затворите во Велика Британија,

Жената која се сметаше за љубовница на Путин родила близнаци: Никој не ја видел од 2018 година

Stefanija Kuzmanovska

Ѓукановиќ: Не одам во Сараево, ќе дојдам во Сребреница

Никола Поповски