ЕУ СВЕТ

Маж заразен со коронавирус во Русија бегал од медицинскиот тим (ВИДЕО)

Маж за кој постои сомнение дека е заразен со коронавирус, одлучил да се обиде да избега од медицински тим кој бил принуден да трча по него во рускиот град Арзамас за да го фати.

Бизарната сцена е снимена во средата, а видеото стана вирално во Русија. На краткиот клип се прикажани тројца медицински мажи облечени во бели заштитни костуми кои трчаат по маж кој се обидувал да избега за да избегне хоспитализација.

Градоначалникот подоцна изјави дека тоа е лице со ментално заболување за кое постои сомневање дека е заразено со коронавирус.

Намерата на медицинските лица била да направат тест за коронавирус, односно да го транспортираат во болница, каде што требало да се изврши постапката.

Сепак, тој не сакал, па побегнал, но на крајот бил фатен. Резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во недела, пренесува Russia Today.

Од почетокот на пандемијата, во Русија се заразени 8.672 лица, а починаа 63 лица.

Поврзани вести

Дански весник со контроверзна карикатура ја навреди Кина, се бара извинување (фото)

Никола Поповски

Ковид-19 би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД во наредните четири месеци

Помпео: Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал

Уапсени повеќе од половина сообраќајни полицајци на Малта, бидејќи лажирале стотици прекувремени часови

Александар Петровски

Главниот телохранител на папата поднесе оставка поради истекување на информации

user4

СЗО: Не е време за ублажување на мерките

Stefanija Kuzmanovska