Регион СВЕТ

Медиуми: Зошто немаше вечера за американската делегација во Косово, како во Србија?

На прашањето зошто не е организирана вечера за посетата на американската делегација на ДФЦ и специјалниот пратеник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, исто како во Белград, директорот на приштинскиот Завод за протокол, Орхан Хајризи, изјавил дека такво нешто не било планирано, пренесува „Газета експрес“.

„Не, за време на нашите координативни состаноци со американската амбасада, не беше спомената опцијата за организирање вечера, ниту имаше таква иницијатива“, соопштил Хајризи.

Одговарајќи на прашањето зошто вечера е подготвена за време на последната посета на Гренел, а не сега, Хајризи изјавил дека многу фактори влијаат на тоа.

Тој истакнал дека покрај протоколот, постојат и други служби кои се занимаваат со координација на активностите за време на посетата на службено лице.

Поврзани вести

Паника во владиниот авион: Пожар избувна во задниот дел

Влатко Зорба

Кина на прво место по уапсени новинари во 2019 година, според ЦПЈ

Maja_Serafimova

Исламска држава има нов лидер

user4

Истражување: 74 проценти од луѓето во светот сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, најголем интерес во Кина

Никола Поповски

Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во рок од три месеци

Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје