СВЕТ

Меркел го слави својот 66-ти роденден, честитки на самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија (ЕУ), кои денес се на вонреден самит во Брисел, донесоа малку живост во необичната атмосфера во која тие седат со маски и на добро растојание, со тоа што се стија на родендените на двајца учесници, премиерот на Португалија Антонио Кошта (59) и германската канцеларка Ангела Меркел (66).

На почетокот на самитот, водачите и го честитаа роденденот. Францускиот претседател и подари на канцеларката неколку шишиња бело бургундско вино, пренесуваат германските медиуми.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и подари на Меркел традиционално сребрено шише со бугарско масло од роза.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и ја подари познатата „захер торта“.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Меркел добила марама и пенкало од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја фотографираше канцеларката со премиерот на Португалија, Антонио Кошта, кој денес го слави и 59-тиот роденден.

Од своја страна, германската канцеларка му подари на Кошта факсимил мапа од 17 век на индискиот регион Гоа, поранешна португалска колонија од каде потекнуваат предците на португалскиот премиер, како и каталог на изложба на португалски морнари. Макрон му подари слика на Кошта.

Кошта на своите колеги им подели маски во разни бои.

Претседателот на Европскиот совет им посака на Меркел и на Кошта среќен роденден, а на данската премиерка Мете Фредериксен, која се омажи во средата, се најдобро во нејзиниот брак.

Медиумите известуваат дека Фредериксен ги променила нејзините планови за свадба трипати: поради изборите, епидемијата на коронавирус и денешниот самит.

„Патување на меден месец на самитот на ЕУ во Брисел“, рече таа преку Твитер со селфи од авионот пред да пристигне во Брисел.

Агенцијата Франс Прес на шега известува дека салата во која се одржува самитот веројатно никогаш не била почиста.

Целата сала била дезинфицирана од подот до таванот, како и масичките и столчињата кои вработените ги преместуваа во специјални нараквици. Персоналот се грижеше и за оддалеченоста затоа што точно беше измерено растојанието од два метри. Дури и слушалките за превод се во специјални кеси со натпис (чисти и дезинфицирани).

Тоа е прв физички самит на лидерите на ЕУ по скоро пет месеци.

Поврзани вести

Де Блазио: Трамп му сврте грб на Њујорк, мора да се донесе четврт стимулативен пакет

Вкупниот број на жртви од коронавирусот се зголеми на 563

Кинеската вакцина подготвена до крајот на годината

Stefanija Kuzmanovska

Урнати статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис во САД (ВИДЕО)

Вучиќ: Тој документ е многу тежок, бараа да го признаеме Косово

Никола Поповски

Меркел ги отфрли гласините дека ќе бара петти мандат

Stefanija Kuzmanovska