СВЕТ

Меркел: Коронавирусот би можел да погоди 19.200 луѓе на ден, мора да ги утврдиме приоритетите

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му порача на раководството на нејзината партија дека коронавирусот би можел да погоди 19.200 луѓе на ден доколку продолжи сегашниот тренд, но исто така истакна дека економијата мора да продолжи да работи, објави германскиот весник „Билд“.

Најпродаваниот германски дневен весник, кој не го цитираше изворот на информацијата, ја цитираше Меркел дека инфекциите мора брзо да се контролираат и дека мора да се интервенира.

„Мораме да ги утврдиме приоритетите, имено, функционирањето на економијата и училиштата и градинките“, истакна Меркел, пренесе „Ројтерс“.

„Фудбалот засега е секундарен во однос на тоа“, додаде таа, објави весникот.

Поврзани вести

Откриена тајната на американските лаборатории во Европа: Ако ова проработи, Господ нека ви помогне (видео)

По завршувањето на карантинот: Француските власти го повикуваат населението да користи велосипеди

Вакцините на „Бајонтек“ и „Фајзер“ ефикасни и безбедни

Stefanija Kuzmanovska

Епидемиологот Кон открива колку долго не штити маската

Во Хрватска уште тројца новозаразени: Сега се вкупно 49

Силен земјотрес на истокот од Турција

Viktor Jovanov