ЕУ СВЕТ

Меркел и Путин ќе разговараат за протерувањето на двајца руски дипломата

Германската канцеларка Ангела Меркел најави денеска дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за протерувањето на двајца руски дипломата од Берлин.

Таа изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп, по одржаниот самит на НАТО во близина на Лондон.

Таа, исто така, истакна дека Русија не ја поддржала истрагата која Германија ја водела за тој случај.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека протерало двајца руски дипломата, откако Обвинистелството објавило дека се сомнева во вмешаност на Москва во убиството на еден Грузиец во Берлин.

Зборувајќи за трговијата меѓу ЕУ и САД, Меркел нагласи дека се подобрени можностите за надминување на разликите во трговијата откако Урсула фон дер Лајен стапи на должност претседател на ЕК.

– Сметам дека имаме добра основа да напредуваме во трговските преговори, истакна Меркел.

Поврзани вести

Грција: Пописот во Албанија ќе покаже колку се почитуваат правата на малцинствата

Никола Поповски

Трамп за инцидентот пред Белата куќа: Не барав демонстрантите да се преместат, не беше употребен солзавец

Stefanija Kuzmanovska

Хаос во хрватскиот Парламент: Пратеник на раце изнесен од обезбедувањето, ќесе ѓубре на столчето на премиерот

Maja_Serafimova

Грчката полиција испразни зграда во Атина која ја окупирале мигранти

Британија ќе воспостави трговски договор со ЕУ до крајот на 2020

Елена Даскалова

Расте предноста на Бајден во однос на Трамп: Каков е уделот на жените?

Никола Поповски