СВЕТ

Меркел се обрати по повод 64-годишнината од основањето на Армијата на Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските држави да развијат нови системи за вооружување, вклучувајќи борбени авиони и тенкови.

– Во иднина заедно ќе развиваме одбранбени системи, вклучувајќи борбени авиони и тенкови. Германија и Франција во таа смисла се на самиот врв, изјави Меркел за време на своето традиционално неделно обраќање до нацијата, овојпат по повод 64-годишнината од основањето на Бундесверот (армијата на Германија).

Според неа, судирот во Украина и „анексијата на Крим“ повторно го актуелизираа прашањето на одбраната и соработката во воените сојузи, посебно во НАТО.

Меркел истакна дека германската безбедност е гарантирана со постоењето на Бундесверот, затоа оружените сили треба да добијат неопходни финансиски ресурси за својот развој.

Поврзани вести

Француските здравствени власти соопштија дека денеска 89 лица починале од Ковид-19

Корона влезе во студентските домови во Белград, заразени 20 студенти

Лукач: Најголема безбедносна закана на Република Српска се повратниците од странските боишта

Европска агенција за лекови: Ниту еден лек засега не покажа ефикасност против КОВИД-19, хлорокин само за „итни програми“

Помпео: Мислам дека Вашингтон никогаш повторно нема да испрати пари на американските даночни обврзници во СЗО

Трамп: Сулејмани беше непосредна опасност за САД