ЕУ Регион СВЕТ

Меркел во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа пристигна во работна посета на Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

Меркел на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пристигна по 23 часот по локално време. Таа го напушти аеродромот заедно со својата делегација, поради што беа преземени високи безбедносни мерки.

Се очекува Меркел денеска во Истанбул да одржи низа состаноци, информира агенцијата.

За време на средбата со турскиот претседател Ердоган се очекува да стане збор за билатералните односи меѓу Турција и Германија, германското претседавање со ЕУ кое почнува во јули годинава, за односите меѓу Турција и ЕУ, за процесот на пристапување на Турција во Европската Унија и многу други теми.

Во разговорите се предвидува и размена на мислења за регионални и меѓународни прашања, особено за Либија и Сирија, информира Анадолија.

Во последните седмици Меркел и Ердоган имаа клучна улога во меѓународните напори за решавање на конфликтот во Либија.

Поврзани вести

Шојгу: Повлекувањето на Курдите од северна Сирија завршено побрзо од предвиденото

user4

Од крајот на декември досега од коронавирусот починале 492 лица, додека повеќе од 24.500 се заразени

Ситуацијата во Италија се влошува: Бројот на новозаразени се зголеми за 4.458

Stefanija Kuzmanovska

Владата на премиерот Шарец е „клинички мртва“, тврди Јанша

Никола Поповски

САД со забрана за издавање на визи на седум нови држави

Никола Поповски

Борел за Белорусија: Разгледуваме мерки, изборите не беа фер

Влатко Зорба