Регион СВЕТ

Мицотакис: Ги повикувам сите пратеници на Нова демократија, како и министрите да отстапат 50 отсто од нивните плати

Во една симболична иницијатива, ги повикувам сите пратеници на Нова демократија, како и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Фејсбук“ профил.

Мицотакис вели дека политичкиот свет од земјата треба да биде во првите редови на солидарноста.

-Пред здравствената закана сите сме еднакви. Но, во борбата со неа, секој е должен да понуди според своите сили. Сигурен сум дека оваа опција ќе ја следат и другите партии, напиша грчкиот Премиер.

Средствата од платите ќе бидат ставени на специјална сметка наменета за Ковид-19.

Поврзани вести

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука

Влатко Зорба

Моралес и вети на Боливија: Останувам во политиката, борбата продолжува

Влатко Зорба

Кинеските банкарски и осигурителни компании „вбризгаа“ 112 милијарди долари во економијата поради епидемијата

Хакерска група од Албанија се закани со напад врз ТАНЈУГ

Maja_Serafimova

Претседателски избори во Романија, фаворит актуелниот шеф на државата Клаус Јоханис

Влатко Зорба

Борис Џонсон е во „многу добро расположение“

Александар Петровски