ЕУ СВЕТ

Молекуларниот биолог Штагљар открива: Нема враќање назад на старо се додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот

Молекуларен биолог од Универзитетот во Торонто Игор Штагљар, зборувајќи за пандемијата на коронавирус на ТВ Пинк, процени дека нема враќање назад на старо се додека не се најде вакцина или лек за болеста која однесе десетици илјади животи.

Одговарајќи на прашања на Пинк, Штагљар рече дека научниците на почетокот го потцениле овој вирус и дека сè што сметале дека ќе се случи не се случило.

– До крајот на оваа година заради пандемијата во Канада би можело да има над 5.000 смртни случаи, па дури се предвидува дека до крајот на годината би можело да биде 10.000, што е 0,01 или 0,02 проценти од населението. Ситуацијата во Америка полека излегува од контрола, како што видовме од медиумите до пред седум дена американскиот претседател одби да каже дека станува збор за сериозен вирус, но работите сега се променети. Њујорк стана жариште, болниците не можат да сместат пациенти затоа што немаат доволно респиратори – рече тој.

Вели дека мерките за социјална дистанца се единствените што можат да се применат за да помогнат во оваа ситуација. Вели дека половина од научниот свет работи на пронаоѓање на вакцина.
– Сите лаборатории се обединија, обидувајќи се со нивните методи да најдат вакцина или некој лек што може да се пренамени. Тоа е една работа што можеме да ја направиме сега. Ова може да се случи најрано за една година. Со вакцините, работа е што треба прво да се тестираат кај здрави луѓе, да се види колку токсичноста, колку максимум може да се даде, по шест до девет месеци може да се даде на заразени пациенти. Мислам дека можеме да ја имаме вакцината за најкратко една година, вели тој.

Прогнозираше дека ситуацијата може да се стабилизира во текот на следните три месеци и дека животот ќе се врати во нормала.

– Најдобар случај би било да имате вакцина или да пронајдете лек. Работите потоа ќе се вратат во нормала многу побрзо. Во овој случај, ние треба да го живееме начинот на кој живееме, да се изолираме и да се криеме од вирусот. Се надевам дека за некои три месеци ситуацијата ќе може делумно да се стабилизира. Додека немаме лек или вакцина нема враќање на старо.

Поврзани вести

Земјотрес погоди грчки остров во Егејското Море

Германија ја прогласи Виена за „корона ризична“

Александар Петровски

Бројот на невработени во Австрија на рекордно ниво

Stefanija Kuzmanovska

Челзи Менинг е ослободена од затвор

Путин: Главната задача во борбата против вирусот – да се локализираат изворите на неговото ширење

Stefanija Kuzmanovska

Деца се заразиле преку домино во Нови Пазар откако играле со лице кое дошло од странство