ЕУ СВЕТ

Морбидна игра на Интернет: Кашлаат во лице и бегаат, жртва и министерот за здравство на Ирска

Ирскиот министер за здравство, Сајмон Херис, изјави дека две лица намерно му се накашлале во лицето како дел од „играта“ на социјалните медиуми, пишува „Гардијан“.

Херис на прес-конференција за состојбата со коронавирусот откри дека двојка му пристапила во вторникот додека одел од зградата на владата до неговата канцеларија во Министерството за здравство во центарот на Даблин.

„Мислеа дека е смешно да доајдат до мене и да кашлаат гласно, а потоа да избегаат … се чини дека станува збор за игра на социјалните медиуми, но тоа не е игра, тоа е одвратно“, рече Херис.

Според него, оние што го прават ова намерно напаѓаат постари лица. Тој ги повика да размислат за масовните смртни случаи што во моментот се случуваат во Италија, Шпанија и другите делови на светот.
„Само помислете дека тоа би била вашата баба, дедо, мајка, татко, ваш пријател на кој му е дијагностицирана цистична фиброза. Ваквото однесување треба да биде казнето со строги закони“, додаде тој.

Ирската полиција прими неколку извештаи за млади кои кашлаат на постари лица, но ваквите случаи се ретки. Ова може да биде кривично дело според Законот за јавен ред, оцени Гардијан.

Портпаролот на полицијата соопшти дека е свесен за извештаите на социјалните мрежи во врска со луѓето кои „намерно кашлаат на други“ и сето тоа го снимаат, и најави дека таквата активност може да претставува законски прекршок. Еден тинејџер во јужниот дел на округот Ватерфорд беше уапсен во понеделникот за слично такво однесување.

Поврзани вести

Младиот геј-демократ се откажа од американските претседателски избори

Малолетник украл автобус и се возел низ Белград

Maja_Serafimova

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата има најголем раст од 1958 година

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Во Турција од полноќ не работат кафеаните, кината, салите и базените

Подморничкиот екипаж со совети како времето побрзо да ви помине во изолација