СВЕТ

Може ли да се заразите ако поминете покрај заразено лице?

Иако скоро целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано да се носи маската и на отворено, бидејќи и таму постои мал ризик од инфекција.

Ова првенствено се однесува на настани каде што луѓето стојат блиску еден до друг и зборуваат подолго време, како што се политички митинзи или забави на отворено. Од почетокот на пандемијата, научните студии докажаа дека вирусот се пренесува во ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции, возови и авиони.

Во студија која се занимаваше со 25.000 случаи, а која сè уште не е разгледана, приближно шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу разговарајќи или пеејќи гласно, пренесува ХИНА.

„Не идентификувавме буквално никакви случаи што би ги поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено“, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери.

„За истите активности и истата далечина, надворешниот простор е многу побезбеден од затворениот“, се вели во студијата во која учествувале група научници од американски, британски и германски универзитети.

„Ризикот од пренесување е значително помал на отворено затоа што ослободените вируси се разредуваат побрзо во атмосферата“, напишаа научниците споредувајќи го ширењето на вирусот со чадот од цигарите.

Најмалите честички на кои може да се пренесе вирусот, аеросолите, можат да останат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од просторот. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, можно во тесен простор помеѓу две згради каде што нема циркулација на воздухот.

„Колку аеросоли е потребno за инфекција не е познато, но колку е поголема количината, толку е поголема веројатноста за инфекција“, рече Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси на Харвард.

Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда на тротоарот не е доволна за да се зарази, веројатно треба барем неколку минути.
„Нема докази дека коронавирусот се пренесува од луѓе кои поминуваат покрај вас на отворено“, заклучи група научници, но тоа е исто така можно во теорија.

„Кога ќе поминеме покрај луѓе, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но како принцип на претпазливост, маската не може да наштети“, рече Линзи Мар, експерт за пренос на вирус на аеросол од универзитетот.

Постојат премногу варијабли за да може точно да се пресмета каков е ризикот од инфекција на улица или во парк. Тоа зависи од ветрот, но и од ултравиолетовото зрачење на сонцето, кое го деактивира вирусот. Сите индикации се дека ризикот е мал, но маските сепак се најефикасна безбедносна стратегија.

„Случаен минувач на улица може да кивне воист момент кога поминува покрај вас“, пластично објасни Кристал Полит, професор по епидемиологија на Јеил.

Поврзани вести

Велика Британија: Бројот на злосторства од омраза против Кинезите зголемен за три пати

Stefanija Kuzmanovska

Ким Џонг-ун упати честитка до Путин, по повод 75-годишнината од победата над фашизмот

Полицијата на Нов Зеланд покренува криминалистичка истрага за смртта на туристи на вулканскиот Бел остров

Студија: Повеќе од 99 отсто од жртвите од Ковид-19 во Италија имале друга болест

Хакери поврзани со неонацисти украле 25.000 лозинки за е-пошта од СЗО, Гејтс и Институт Вухан

Во Русија направен новиот лек за коронавирусот