Вести СВЕТ

На Австријците им дошло преку глава од неонацистите: Куќата на Хитлер се претвора во полициска станица

Австриската влада објави дека куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе биде „неутрализирана“, односно ќе биде адаптирана во полициска станица.

Владата на таа земја ја купила родната куќа на Хитлер во Браунау на границата со Германија во 2016 година по присилна наредба, и по долгата расправија, со цел да го запре собирањето на неонацистите на тоа место, јавува Би-Би-Си.

Адаптацијата на куќата ќе ја изврши архитектонска компанија, а како што изјавил австрискиот министер за внатрешни работи, Херман Фејнер, ова отвора „ново поглавје“.

Промените со кои ќе се соочи зградата се „козметичко разубавување“ на фасадата и поставување нов покрив, а целата работа треба да заврши до 2023 година и ќе чини околу пет милиони евра.

„Неутрализацијата на целата локација е крајната цел“, рече тој.

Пред куќата, малите обележја означуваат дека Хитлер бил роден во таа куќа, а каменот пред куќата на кој пишува „никогаш повеќе фашизам“ ќе биде пренесен во музеј во Виена, јавуваат медиумите.

Хитлер поминал малку време во таа куќа од 17 век, затоа што неговото семејство се преселило во друга куќа во тоа подрачје неколку недели по неговото раѓање, а кога наполнил три години, го напуштил градот трајно.

Сепак, таа куќа привлекува голем број неонацисти, поради што властите решиле да го сопрат тоа.

Поврзани вести

Ме уверија дека не постои подготвен договор со Белград, тврди Хоти

Лавров: Вашингтон се обидува да предизвика поделба во православниот свет

САД очекуваат епидемијата на коронавирус да трае 18 месеци

Ердоган: Гарантирам дека исламската држава нема да постои во Северна Сирија

user4

Нов референдум за независност на Шкотска

Никола Поповски

На повидок решение за Косово: Гренел предлага „мини Шенжен зона“

Никола Поповски