СВЕТ

На денешните протести во Хонг Конг, полицијата употреби солзавец врз демонстрантите

Полицијата на Хонг Конг при денешните протести употреби солзавец откако демонстрантите претходно фрлаа молотови коктели.

Исто така полицијата преку мегафон ги повика демонстрантите да се разотидат.

Повеќе илјади демонстранти, од кои поголемиот број носеа маски и покрај неодамна воведената забрана за покривање на лицата за време на јавните собири, денеска повторно излегоа на улиците на Хонг Конг, иако полицијата забрани протести.

Демонстрантите носеа транспаренти „Ослободете го Хонг Конг“, а на еден ѕид осамна графит „Подобро мртов отколку црвен“.

Полицијата го прогласи маршот во округот Каулун за нелегален, што значи дека учесниците во протестот можат да бидат уапсени.

Во округот Каулун изминатите недели се случија најголемите судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите се лути на лидерката на Хонг Конг, Кери Лам поради нејзиниот неуспех да ги заштити нивните слободи од централните власти во Пекинг, поради воведувања на овластувања од времето на колонијализмот, како и поради употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.

 

Поврзани вести

Синовите им се заразени со корона и ова е најмистериозниот симптом

Александар Петровски

Американски медиуми: Коронавирусот се шири низ затворите во САД

Сериозен удар врз владеачката коалиција во Рим: Салвини победи на регионалните избори во Умбрија

Maja_Serafimova

Кој e Михаил Мишустин, новиот премиер на Русија: Човек од сенка на Путин и љубител на хокеј

Грчката граница останува целосно затворена за Србите до 1 август

Солун: Извадени 21 електричен тротинет од Егејското море

Никола Поповски